Monday, November 16, 2015

                                   Клетка



Клетката (латинскиcellula) е основна структурна и функционална единица на сите живи организми. Таа е најмал жив биолошки систем. Прв терминот клетка го употребил англискиот научник Роберт Хук. Сите организми се изградени од клетки, и тоа едноклеточните од една, а многуклеточните од повеќе клетки кои се наоѓаат во тесна, заемна зависност. Бидејќи го содржат целокупниот наследен материјал, клетките се способни за саморепродукција (делба на клетките).



   

Форма и големина на клетка

Иако основната градба на сите клетки во организмите е иста, сепак, во зависност од местото и функцијата клетките можат да се разликуваат по својата големина и облик По големина клетките можат да бидат многу мали (од 7м, како што се црвените крвни зрнца), па се до 200м или повеќе, како што се мускулните клетки. Клетката на бактеријата што се наоѓа во киселото млеко е долга неколку микрометри, јајце - клетките од жабата имаат дијаметар од околу 1 милиметар. По својот облик клетките исто така можат да бидат топчести, плочести, коцкасти, вретеновидни или пак разгранети. На пример: нервните клетки со своите долги продолжетоци многу се разликуваат од мускулните клетки или од проѕирните клетки во очната леќа. Некои клетки на површината имат ситни, влакнести придвижувачи наречени трепки, кои со трепкањето предизвикуваат движење околу клетката. Други клетки имаат камшиковиден продолжеток кој излегува од клетката и е наречен камшиче.




Видови клетки


Клетките се делат според најразлични критериуми, но основната поделба е на прокариотски и еукариотски клетки. Според местоположбата и функцијата во организмот, има епителнанервна, мускулна, полова клетка (јајце клетка и сперматозоид) итн. Клетките можат да бидат правоаголни,кружна неправилна форма, разгранети и др.



Градба на клетките


Речиси сите клетки имаат јадро. Тоа контролира сè што се случува во клетката. Содржината на клетката (освен јадрото) се вика цитоплазма. Таа содржи и неколку други посебни органелиКлеточната мембрана е тенок слој кој ја издвојува клетката од меѓуклеточниот простор (но, пропушта течности и гасови).
Животинските клетки содржат зрнца од гликоген кои имаат улога на резервоар. Тие имаат понеправилен облик од растителните клетки.
Само растителните клетки имаат клеточен ѕид. Тој е многу поголем од клеточна мембрана и го одржува постојаниот облик на клетката. Во растителните клетки наоѓамe хлоропласти. Тие учествуваат во процесот за создавање храна со помош на сончева светлина и на листовите им даваат залена боја. Растителните клетки содржат зрнца од скроб како хранлив резервоар. Многу клетки имаат простори исполнети со течност кои се викаат вакуоли. Во растителните клетки, тие се големи и помагаат да се одржува обликот на самите клетки.





















-Однадвор клетката е обвиткана со клеточна мембрана. Ваквата мембрана е составена од два слоја на масти во кои се вметнати различни белковини и мало количество на шеќери. Клеточната мембрана е многу важна, бидејќи таа одредува што може да влезе, а што да излезе од клетката.
- Цитоплазмата е полутечна маса со зрнеста структура, изградена од вода иминерални соли, неоргански и органски материи: шеќери, масти и белковини. Зрнестатаструктура на цитоплазмата ја сочинуваат посебни делчиња органели во кои се вршатживотните процеси. Познати органели се:
- Јадрото е органела која ја има во секоја клетка. Јадрото е обвиткано со јадренаобвивка со пори. Во јадрото се сместени хромозомите и гените кои ја носат генетскатаинформација (наследувањето). Во гените се сместени и контролните механизми за управување со различните животни процеси кои се одвиваат во клетката.
- Вакуоли претставуваат мали торбички што служат за складирање на резервни материи како вода, масти кај масните клетки и други органски материи. Вакуолите, воедно, служат и за исфрлање на непотребните материи од клетката, а тоа е застапено кај едноклеточните организми.

- Гликоген е сложен шеќер кој се складира како резервен шеќер во цитоплазмата на клетката. Кај растителната клетка шеќерот во цитоплазмата се наоѓа во вид на скробни зрнца, додека кај животинската клетка во вид на сложен шеќер - гликоген.

Делба на клетка

Развитокот, растењето,заздравувањето на повредите и зголемувањето на телесната тежина на еден организам се објаснува со зголемување на бројот на клетките. За таа цел клетките се размножуваат т.е. се делат. Пред да почнат да се делат клетките, зрнестата хромозомска материја на јадрото се згуснува и формира хромозоми. Тие надолжно се делат, се закачуваат на делбеното вретено и се упатуваат на спротивните страни на клетката, од кои се формираат две нови јадра. Потоа се дели и цитоплазмата и се добиваат две нови клетки со ист број на хромозоми како мајката-клетка. Процесот е познат како митоза. Со митоза се делат сите клетки во организмот освен половите. При делба на половите клетки не се добиваат две туку четири нови клетки кои имаат половина број од хромозомите. Оваа делба е наречена мејоза.

Сложена делба на клетката

Проста делба на клетката

No comments:

Post a Comment